Комплетирајќи го ростерот за новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига, КК Кожув денеска официјално го промовираше својето најново засилување – Дамјан Крстевски!
Македонскиот бек-шутер, висок 193 см, зад себе има богато прволигашко искуство, настапувајќи за Работнички, Вардар, ТФТ и Пелистер, а сега се сели во Гевгелија.
„Со својата борбеност, квалитет, сигурен шут и победнички менталитет, Дамјан ќе претставува големо засилување за нашиот тим во претстојната сезона“ – порачаа од КК Кожув.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
