Кожув триумфално мина низ Куманово

Кошаркарите на Кожув стигнаа до триумф од 73-79 на гостувањето против Куманово во 16. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Гевгеличани низ повеќе од драматичен натпревар стигнаа до триумфот благодарение на поголемата концентрација во финишот од средбата на која во поголемиот дел чуваа предност. И покрај тоа што домашните се обидуваа да стигнат до пресврт, сепак Кожув во последните две минути мирно го приведе натпреварот до триумфален крај.

Најефикасен во победничкиот тим беше Игор Кесар со 23 постигнати поени, 16 поени постигна Караколев а со 14 поени мечот го заврши Вилијамс. Кај домашните се издвоија Пенов, Думиќ и Ковач со по 13 постигнати поени.

Се вчитува...