Кожув во драматичен финиш го освои Куманово

Кошаркарите на Кожув ја запишаа и третата победа сезона во Првата македонска кошаркарска лига триумфирајќи во 7. коло на гостувањето против Куманово со 85-89.

Низ максимално израмнет натпревар во текот на сите четвртини, на крајот пресуди смиреноста на гевгеличани и поголемата концентрација во финишот на средбата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Вилијамс со 25 поени, дополнети и со 9 асистенции и шест скока, а со 17 поени мечот го заврши Граниќ. Кај Куманово не помогна ниту одличната партија Настовски кој мечот го заврши со 29 поени и четири скока.

Се вчитува...