Крадци на Ролан Гарос: Украден пешкир од рацете на дете од публика (ВИДЕО)

Американската тенисерка Медисон Кис сакаше да му го поклони својот пешки на едно дете на трибините, но во последен момент пешкирот беше украден од рацете на детето, од страна на постар господин.

Американката ја совлада Катерина Синијакова и се пласираше во четвртфиналето. Веднаш по крајот на натпреварот Киз сакаше на дете кое седеше во првите редови да му го поклони пешкирот, меѓутоа тој на крајот заврши кај стариот човек, кој буквално го оттргна пешкирот од рацете на детето.

Таквиот потег ги остави вчудовидени сите присутни, вклучувајќи и американската тенисерка.

 

 

Се вчитува...