Крај и за Каспер Руд во Париз

Продолжува елиминацијата на фаворити на последниот АТП Мастерс 1000 турнир кој се игра во францускиот Париз.

Ново име кое што го заврши настапот во „Берси арената“ е Каспер Руд кој вечерва во 2. коло беше поразен од Аргентинецот Франциско Серундоло со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-4.

Со овој пораз Руд ги загуби шансите да се пласира на завршниот турнир во Торино.

 

Се вчитува...