Крај и за Шарапова на УС Опен

Руската тенисерка Марија Шарапова се збогуваше од УС Опен откако загуби синоќа од Шпанката Карла Суарез-Наваро која полесно од очекувањата дојде до победата и пласман во четвртфиналето.

Шпанката славеше во два сета со 6-4,6-3 за само еден час и 30 минути игра.

Суарез-Наваров во четвртфиналето ќе игра против домашната тенисерка Медисон Кис која вчера лесно со 2-0 ја елиминираше Доминика Чибулкова.

Се вчитува...