Крај каков што може да се посака: Го судеше финалето на Мундијалот, па замина во пензија

Словенечкиот судија Славко Винчиќ стави крај на својата богата судиска кариера, само неколку недели откако го судеше финалето на Светското првенство, во кое Шпанија по продолженија ја совлада Аргентина со 1-0.

Неговото пензионирање го потврди Фудбалскиот сојуз на Словенија, кој му се заблагодари за долгогодишниот придонес и му посака успех во идните предизвици. По финалето, Винчиќ и неговите помошници ги примија признанијата од Џани Инфантино и Доналд Трамп.

Финалниот натпревар, сепак, не помина без полемики. Најмногу реакции предизвика тоа што не му покажа црвен картон на Леандро Паредес, додека Енцо Фернандез беше оправдано исклучен. Исто така, поништи гол на Шпанија во првото продолжение, но „црвената фурија“ подоцна преку Феран Торес стигна до победничкиот погодок и светската титула.

Винчиќ ќе остане запаметен и по инцидентот од 2020 година, кога беше приведен за време на полициска акција на приватна забава во близина на Бијелина. Тогаш тврдеше дека случајно се нашол на настанот по покана од деловни партнери и дека не ги познавал останатите присутни, по што бил ослободен и се вратил во Словенија.

Се вчитува...