Крај на дилемите: Реал се огласи за „случајот Нејмар“

Шпанските медиуми изминатиов период константно го поврзуваат Бразилецот Нејмар со трансфер од ПСЖ во Реал Мадрид.

Веќе со денови се пишува дека само прашање на часови е кога „кралевите“ ќе испратат официјална понуда за најскапиот светски фудбалер, а дел од медиумите објавија и дека разговорите веќе почнале.

Но, Реал Мадрид вечерва се огласи со официјално соопштение во која јасно истакна дека нема да има понуда за бразилскиот репрезентативец.

„Како фудбалерот на ПСЖ, Нејмар постојано се поврзува со нашиот клуб, Реал Мадрид сака да соопшти дека не планираме да испратиме било каква понуда за тој фудбалер. Односите меѓу двата клуба се одлични, па ако некогаш Реал Мадрид сака да ангажира фудбалер од ПСЖ прво ќе се обратиме до клубот“ – соопштено е од Реал Мадрид.

Со ова „кралскиот клуб“ сака да стави точка на сите шпекулации околу Нејмар, за кого ПСЖ минатото лето на Барселона и исплати дури 222 милиони евра.

Се вчитува...