Крај на драмата: Салах потпиша нов повеќегодишен договор со Ливерпул (ФОТО)

Крај на неизвесноста поврзана со Ливерпул и најдобриот фудбалер на тимот. Египќанецот Мохамед Салах потпиша повеќегодишен договор со „црвените“, иако во претходниот период имаше постојано шпекулации дека ќе си замине од поранешниот европски и англиски шампион.

Ливерпул и официјално ја сподели информацијата за новиот договор со Салах, иако се уште не се открива до која година е потпишана соработката со Египќанецот.

„Чест ни е да соопштиме дека Салах потпиша повеќегодишен договор со клубот“ – информираа од Ливерпул.

Се вчитува...