Крај на еден од најголемите фудбалски скандали: Српскиот судија казнет со 15 месеци затвор (ВИДЕО)

Еден од најголемите фудбалски скандали на овие простори доби завршница откако Апелациониот суд во Нови Сад ја одби жалбата на српскиот судија, Срѓан Обрадовиќ и му врачи забрана за вршење на дејност во сите сфери во Фудбалскиот сојуз на Србија со времетраење од десет години, а притоа го кази и со 15 месечна казна затвор.

Како потсетување на Обрадовиќ му се судеше за злоупотреба на позицијата на натпреварот помеѓу Спартак и Раднички на кој го фаворизираше домашниот тим со два пенали од кои еден го доби називот за најкомичен пенал во историјата на српскиот фудбал.

Во пресрет на натпреварот регистрирани се и големи уплати за победа на гостинскиот тим, а сведоци потврдија дека личности влегувале во судиската соблекувална на полувремето.

Се вчитува...