Крај на една ера: Де Роси заминува од Рома

Уште една ера на италијанскиот фудбал ќе заврши со крајот на оваа сезона, откако беше обелоденето дека Даниеле де Роси ќе ја напушти екипата на Рома по 18 години минати во дресот на „римската волчица“. Преговорите за нов договор веќе извесно време беа стопиррани, за Рома денеска да потврди дека капитенот Де Роси на 1 јули ќе си замине од „Олимпико“.

Пред 18 години младиот Даниеле де Роси дебитираше за Рома на дуелот со Андерлехт. Против Парма на „Олимпико“ ќе ја игра последната средба во нашиот дрес. Тоа ќе биде крај на една ера“ – објави Рома.

Даниеле де Роси нема да ја заврши својата кариера бидејќи сака да продолжи да игра уште најмалку една сезона. Италијанскиот ас за денеска најави прес-конференција, на која би можел да го обелодени и името на својот нов клуб.

Де Роси ги мина сите младински категории на Рома пред да дебитира за првиот тим во 2001 година. Тој одигра 615 натпревари за „волчицата“, освојувајќи два пехари во Купот на Италија.

Се вчитува...