Крај на една ера: Ди Марија си оди од ПСЖ

ПСЖ подготвува мини-ремонт за претстојниот летен преоден рок, Мбапе се наоѓа на излезна врата, а покрај францускиот голгетер од „Паркот на принцовите“ ќе си замине и Анхел ди Марија.

Аргентинскиот репрезентативец седум години со успех го носи дресот на клубот, но челниците на ПСЖ се решени воопшто да не му понудат нов договор. Како што информира весникот „Л’Екип“, на Ди Марија веќе му е соопштено дека не е дел од плановите за наредната сезона, нешто слично како што францускиот гигант пред две години направи со бразилскиот ветеран Тијаго Силва.

Ди Марија е најдобар асистент во клупската историја на „светците“, воедно важи за добар пријател на Лео Меси, но управата очигледно има други планови, па нема намера да ја продолжи соработката со 33-годишниот ас.

Се вчитува...