Крај на една ера: Итудис заминува од ЦСКА и продолжува во Истанбул

Исфрлувањето на руските тимови од Евролигата ќе донесе и големи промени на кошаркарската мапа на Европа ова лето, па така се очекува да биде ставен крај на една ера во соработката помеѓу Димитрис Итудис и ЦСКА Москва.

Грчкиот стратег кој важи за еден од најдобрите во модерната кошарка е дел од московскиот гигант од 2014 година и со него се избори за место на фајнл-фор турнирот во секоја сезона, а во 2016 и 2019 година успеа да го освои и трофејот.

Очекувањата се дека Итудис кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче каде ќе го замени Александар Ѓорѓевиќ. Воедно истанбулскиот клуб веќе дозволи заминување на Нандо де Коло и Јан Весели како дел од процесот на „ребилдинг“.

Се вчитува...