Крај на една ера: Изаир Емини замина во пензија

Трофејниот македонски фудбалер Изаир Емини стави крај на 17-годишната кариера по вчерашниот натпревар помеѓу неговата Беса и Башкими, натпревар со кој беше означен крајот на сезоната во Втората лига.

Напаѓачот сениорската кариера ја започна во дресот на Шкенија кој го носеше од 2007 до 2012 година, а покрај за тетовци во домашниот шампионат забележа настапи и за Ренова и Воска. На интернационалната сцена настпуваше во Албанија и на Косово носејќи ги дресовите на Кукеши и Дрита.

Во пензија заминува со по три шампионски титули во Првата и Втората лига, по еден трофеј во Купот и Суперкупот на Македонија, титула во албанскиот шампионат, Куп и Суперкуп како и титула во косовското првенство.

Се вчитува...