Никола Карабатиќ, ракометарот на Пари Сен Жермен, размислува да објави крај на богатата кариера по завршувањето на сезоната. 38-годишникот со балкански корени игра во ПСЖ од 2015 година.
Франзуцинот кариерата ја започна во Монпелје, а потоа ги бранеше боите уште на Кил и Барселона.
„Конечната одлука ќе ја донесам многу брзо. Ќе го известам и клубот за да има време да најде замена“, кратко изјави Никола.
Наводно, искусниот среден бек смета дека направил доволно и дека е време да се прости од ракометот. Медиумите во Франција се чудат на оваа информација, која доколку е точна, ќе значи дека Карабатиќ нема да го предводи националниот тим за време на Летните Олимписки Игри во Париз 2024 година. ЛЕгендарниот ракометар во дресот на француската репрезентација има постигнато 1.238 гола на 324 натпревари. Тој важи за еден од најдобрите и најуспешните ракометари на сите времиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА