Крај на една ера: Легендарниот Квалјарела му кажа збогум на фудбалот

Фабио Квалјарела денеска објави дека ја завршува кариерата, откако 40-годишниот голгетер во последните месеци не успеа да најде клупски ангажман по заминувањето од Сампдорија минатото лето.

Тој беше слободен играч, но не доби ниту една посериозна понуда, па ветеранот на крајот беше принуден да се збогува од играњето фудбал.

„Принуден сум да престанам да играм. Слободен агент сум, но исто така и сум свесен дека физичката форма ми е далеку од посакуваното ниво. Завршив со играњето, сега имам доволно време да разберам кој треба да ми биде следниот чекор во животот“, објави Фабио Квалјарела.

Тој во кариерата одигра вкупно 556 средби во Серија А, постигнувајќи 182 погодоци како член на Сампдорија, Удинезе, Наполи, Торино и Јувентус.

Се вчитува...