Лионел Меси донесе голема одлука – ја завршува репрезентативната кариера и повеќе нема да настапува за Аргентина.
Информацијата ја објави „Goal“, според која капитенот на аргентинската репрезентација ставил точка на една од највпечатливите репрезентативни кариери во историјата на фудбалот.
Меси повеќе од 20 години го носеше дресот на Аргентина, со која освои три големи трофеи – Светското првенство во 2022 година и две титули на Копа Америка.
Неговото патување со националниот тим беше исполнето со големи разочарувања, но и со историски успеси. По загубените финалиња на Светското првенство во 2014 и Копа Америка во 2015 и 2016 година, Меси во 2016 година дури и привремено се повлече од репрезентацијата.
Сепак, се врати и подоцна го доживеа најголемиот момент во кариерата – освојувањето на Светското првенство во Катар во 2022 година. Со Аргентина тој освои и Копа Америка во 2021 и 2024 година.
Меси останува рекордер по бројот на настапи и голови за аргентинската репрезентација и е еден од најважните фудбалери во историјата на националниот тим.
Со неговото заминување завршува една златна ера за аргентинскиот фудбал – ера во која Меси од најкритикуваниот играч во својата земја прерасна во апсолутна легенда и капитен кој го донесе долгоочекуваниот светски трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
