Крај на една ера: Нејмар си оди од ПСЖ!

Фудбалскиот репрезентативец на Бразил, Нејмар по се изгледа ќе си замине од Пари Сен Жермен на крајот од тековната сезона, вака пишува реномираниот „Л’Екип“.

Големата ѕвезда пристигна од Барселона пред пет години за рекордни 222 милиони евра. Неговото доаѓање требаше да донесе успех во Европа, но тоа не се случи, па тоа е причина плус за незадоволството кај газдите на клубот од француската престолнина.

„Катарците се незадоволни. Уморни се од гламурозниот начин на живот на Нејмар, кој не прави баланс меѓу фудбалските обврски и неговите забави. Нејмар го сака Париз многу повеќе од ПСЖ. Акционерите на клубот се бесни”, пишува францускиот медиум.

Фановите беа гневни на своите избраниците, особено по елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Само Килијан Мбапе, стрелецот на головите за ПСЖ на двомечот, се спаси и не доби свирежи на првиот меч по дебаклот во Шпанија.

Најголем проблем за продажба на Нејмар ќе биде платата. Ретко кој клуб ќе се нафати да го преземе финансискиот товар кој со себе го носи талентираниот бразилски ас.

Се вчитува...