Крај на една ера – По 33 години заминува легенда на Арсенал

Живата легенда на Арсенал, Стив Боулд по 33 години го напушта тимот од „Емирејтс“. Поранешниот стопер играше за Арсенал од 1988 до 1999 година, а последната сезона во кариерата (1999/2000) ја одигра во Сандерленд.

По завршувањето на играчката кариера се врати во Арсенал, каде почна тренерска кариера во младите категориии во периодот од 2001 до 2012 година, по што стана помошник на Арсен Венгер.

Кога Венгер замина во 2019 година, Стив Боулд го презема резервниот тим на „топчиите“ и ја водеше У23 екипата во Премиер-лига 2.

На крајот на годината доби отказ и со тоа го напушти клубот по цели 33 години.

Се вчитува...