Германската фудбалска репрезентација доживеа крај на една ера откако легенарниот Томас Милер објави пензионирање од националниот дрес. Оваа одлука на 34-годишникот доаѓа по 131 одигран натпревар на кој постигна 45 голови.
Милер дебитираше за германската репрезентација во март 2010 година и оттогаш настапи на четири светски првенства и четири европски првенства. Го освои Мундијалот во 2014 година, а претходно во 2010 година бронзениот медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА