Тотенхем ова лето ќе преживее уште една голема промена со оглед на најавеното заминување на капитенот Сон Хеунг-Мин кој по 10 години поминати во клубот се очекува да се пресели надвор од Европа.
За услугите на 33-годишниот репрезентативец на Јужна Кореја постои сериозен интерес од страна на Лос Анџелес, но и од Саудиска Арабија. Неговиот договор со Тотенхем истекува на крајот на следната сезона, од лондонскиот тим не постои голем интерес да ја продолжи соработката па со цел да не дозволи заминување на легендата без обесштетување се очекува да прафати трансфер во вредност од 20 милиони евра.
Сон го засили Тотенхем во 2015 година од Баер Леверкузен и веднаш се наметна како еден од најдобрите фудбалери во историјата на клубот. Настапи на 333 натпревари во сите конкуренции и постигна 127 голови. Минатата сезона се закити и со првиот трофеј освојувјаќи ја Лига Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

