Крај на една ера – Вардар се збогуваше од седум ракометари

Денешниот натпревар со Металопластика беше последен за Вардар во оваа сезона, по што „црвено-црните“ со пригодни подароци се простија од ракометарите кои летово ќе си заминат од таборот на македонскиот првак.

Иван Чупиќ својот врамен дрес го доби од капитенот Стојанче Стоилов, додека на останатите ракометари подароците им ги врачија членови на управата на клубот. Кристијан Дисингер од следната сезона ќе го носи дресот на Динамо Букурешт, Марко Кизиќ се сели во Еурофарм Пелистер, Ловро Јотиќ веќе потпиша за Лајпциг. Робин Кантегрел се враќа во родната Франција, а во таборот на Вардар во следната сезона ќе ги нема Црногорецот Шеваљевиќ и рускиот специјалист за дефанзива, Глеб Калараш.

Покрај седумте играчи, Вардар се раздели и од Стевче Алушовски, стратегот што во оваа турбулентна сезона ја освои двојната круна како шеф на стручниот штаб на „црвено-црните“.

Се вчитува...