Крај на фудбалската кариера, Дарко Тасевски заминува во пензија

Македонскиот фудбалер Дарко Тасевски ќе замине во пензија по крајот на актуелната сезона. Плејмејкерот кој во мај ќе наполни 38 години нема натпревар за тимот на Славија Софија од месец ноември.

Проблемите со повредите укажуваат на тоа дека телото повеќе не може да го издржи физичкиот напор. Македонецот и понатаму ќе остане дел од фудбалот, вака објавува бугарски „Мач Телеграф“.

Според истиот извор, се вели дека Тасевски откако ќе замине во пензија ќе продолжи да работи во младинските погони на Славија Софија како тренер.

Тасевски е дел од Славија Софија од 2019 година. Претходно играше на Тајланд каде остави голема трага како играч на Кон Каен, Суфанбури, Бангкок Глас, има и настапи во израелска Шмона, бугарски Левски, украински Металург Запорожје како и македонските Вардар и Цементарница 55.

Зад своето име Дарко Тасевски има и 45 настапи за репрезентацијата на Македонија, со еден постигнат гол.

Се вчитува...