Крај на кариерата за Лонзо Бол?

Еден од најперспективните американски кошаркари Лонзо Бол би можел да ја заврши кариерата на само 25-годишна возраст. Вториот пик на НБА драфтот во 2017 година веќе подолго време се мачи со повреди, а според последните информации од САД последните медидински процени воошто не се добри.

Бол мораше да помине низ неколку операции на коленото, меѓу кои и трансплантација на ‘рскавицата (менискусот) чија рехабилитација не се одвива најдобро. Тој не може да трча или скока без да почувствуа болка, а има и проблем да се качува и да се спушта по скали.

Најоптимистичните процени се дека ќе ја пропушти и следната сезона по која ќе има шанса да се врати на теренот, но веројатноста е многу мала.

Се вчитува...