Крај на кариерата за најдобриот ватерполист во светот?

Хрватскиот ватерполист Сандро Сукно кој неодамна беше избран за најдобар во светот за 2017 година, можеби ќе биде принуден да ја заврши кариерата на 27-годишна возраст поради проблеми со срцето.

На хрватскиот ас на редовен преглед во октомври годинава му беа откриени здравствени проблеми со срцето и беше испратен на дополнителни испитувања во Рим. Познатиот кардиолог Паоло Запили констатирал дека Сукно не ќе може да игра до крајот на сезоната, но најави и дека е доведено во прашање и продолжувањето на неговата кариера.

„Колку и да бев подготвен на ваква опција, вакво нешто те шокира. Па, јас имам само 27 години. Мора да направам уште некои испитувања, па да видам што ќе биде“ – изјави Сукно за Tportal.hr.

Капитенот на хрватската репрезентација ги предводеше „баракудите“ до светското злато на шампионатот во Будимпешта. Со италијанскиот тим Про Реко имаше договор со крајот во 2018, но сега е извесно дека нема да го одработи до крај.

„Тоа е многу болно за нас, но сепак, здравјето на спортистите е приоритет за нас. Ќе играме без еден од најдобрите во светот, тоа ќе биде голем товар за нашата екипа во преостанатиот дел од сезоната во Европа и во италијанското превенство“  – изјави претседателот на Про Реко, Маурицио Фелуго.

Се вчитува...