Легендарниот Рикардо Филипе да Силва Брага, попознат како Рикардињо, ја заврши својата неверојатна кариера.
Триесет и деветгодишниот мајстор на фудбалот во сала ја објави својата одлука да се пензионира на прес-конференција.
„Тоа беше најтешката одлука што ја донесов во мојот живот. Телото и умот рекоа доста. Подобро е да го напуштиш спортот, пред спортот да те напушти“, рече Рикардињо.
Рикардињо е прогласен за најдобар футсал играч во светот, рекордни шест пати во изборот на специјализираниот портал „Futsal Planet“.
Ја започна својата кариера во Мирамар, се прослави во Бенфика, а подоцна играше за Нагоја (Јапонија), ЦСКА Москва, Интер Мовистар (Шпанија), АКЦС (Франција), Пендекар Јунајтед (Индонезија), Рига (Летонија) и Екосити Генцано (Италија), освојувајќи 43 трофеи, вклучувајќи три Лиги на шампиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

