Крај на љубовта – Балотели си оди од родниот град

Марио Балотели изненади многумина со летната одлука од бројните понуди да ја избере онаа на Бреша и да се врати назад во родниот град. Сепак, само неколку месеци беа доволни за „Супер Марио“ да го промени својот став, па се очекува тој веќе во јануарскиот преоден рок да си замине од родниот град и повторно да замине „во туѓина“.

Тој е незадоволен од потенцијалот на клубот, а по доаѓањето на новиот стратег Фабио Гросо, проблематичниот голгетер вендаш влегол во конфликт со поранешниот италијански репрезентативец. Страстите се обидел да ги смири претседателот Челино, но и на првиот човек на Бреша му е јасно дека останување на Балотели може целосно да ја расипе атмосферата во екипата, па ќе даде зелено светло доколку добие интересна понуда.

Во преден план во оваа трка се очекува да биде Галатасарај, клуб кој не е најзадоволен од Радамел Фалкао, па во „Супер Марио“ гледа идеален голгетер за вториот дел од сезоната. Балотели без размислување ги одбил понудите од САД и од Кина, но затоа е заинтересиран за преговори со Фламенго, клуб кој и во текот на летото сакаше да го доведе во своите редови.

Се вчитува...