Крај на љубовта меѓу „старата дама“ и Де Лихт – Холанѓанецот побарал да си оди од клубот

Дефанзивецот на Јувенутс, Матијас де Лихт со мислите веќе е кон продолжување на кариерата во друг клуб и друга земја, па веќе им соопштил на челниците на Јуве дека планира да го напушти тимот од Торино по завршувањето на оваа сезона.

Според шпанскиот весник „Ел Насионал“, Холанѓанецот го информирал својот агент Мино Раиола да почне преговори со Манчестер сити. Стоперот смета дека под водство на Пеп Гвардиола би можел дополнително да напредува во кариерата, повеќе отколку во дресот на Јувентус.

Де Лихт се пресели во италијанскиот гигант во летото 2019 година од Ајакс за обештетување од 75 милиони евра. „Старата дама“ доколку го продаде во Манчестер сити сигурно ќе бара огромна сума на пари со цел да заработи од одличниот 22 годишниот фудбалер.

Овие три сезона Де Лихт одигра вкупно 86 натпревари за „бјанконерите“ и постигна шест голови.

Се вчитува...