Крај на „љубовта“ – Вајналдум си оди од ПСЖ и се враќа во Премиер-лигата!

Астон Вила од блиску ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред од ПСЖ, Џорџино Вајналдум. Холанѓанецот беше најавен како големо засилување за францускиот шампион, но во Париз воопшто не блеска.

Како што пренесува британскиот „Сан“, големи се шансите по само една сезона во дресот на „светците“, да се врати во Премиер лигата каде што ги бранеше боите на Ливерпул. Астон Вила доколку сака да го ангажира искусниот 31-годишен играч, ќе мора да одвои 25 милиони евра колку што бараат Французите.

Во поразот од Ница (0-1), Вајналдум иако беше стартер имаше само 28 допири со топката, неговиот тимски колега, голманот Кејлор Навас имаше шест повеќе.

Се вчитува...