Крај на надежите за Македонија: Чиле е последниот патник на СП во Египет

Репрезентацијата на Чиле е последниот учесник на СП 2021 во Египет, објави денеска ИХФ, со што и дефинитивно стави крај на надежите на Македонија за пласман на претстојниот мундијал.

По номинацијата на САД остана само уште еден мундијалски билет, оној од откажаните квалификации во Јужна Америка. Сепак, челниците на ИХФ решија ова место да го остават на истиот континент, номинирајќи го Чиле како најдобро рангирана селекција од оние кои што требаше да учествуваат во квалификацискиот турнир.

Чиле ќе биде дел од групата Г од светскиот шампионат, каде ќе се сретне со Египет, Шведска и со Чешка.

Се вчитува...