Крај на неверојатната доминација на Грег Попович и Сан Антонио: По 22 години без плеј-оф

По синоќешните победи на Мемфис и Феникс, стана јасно дека Сан Антонио нема да игра плеј-оф сезонава во НБА лигата. Тоа означува и крај на една ера, затоа што ќе биде првпат по 22 години Сан Антонио да не биде дел од плеј-оф разигрувањето.

Последен пат Сан Антонио вакво сценарио имаше во сезоната 1996/97, а тоа е, интересно, беше првата сезона на Грег Попович на клупата на овој тим.

Од тогаш Сан Антонио запишаа 22 врзани настапи во плеј-офот освојувајќи притоа пет прстени. Последниот прстен за нив беше освоен во 2014 година. Спарси сезонава ја завршија на 11. место во Западната конференција.

Се вчитува...