Крај на сапуницата: Гамеиро си замина од Атлетико Мадрид

Уште една летна сапуница дефинитивно заврши откако Кевин Гамеиро денеска официјално си замина од Атлетико Мадрид. Францускиот голгетер останува во „Ла Лига“, Валенсија ќе биде неговиот нов клуб откако „лилјаците“ конечно се договорија со мадридскиот клуб за висината на отштетата од 18 милиони евра.

Атлетико долго време бараше 25 милиони, ја спушти сумата на 23 милиони евра, но немаше ниту еден сериозно заинтересиран клуб. Интерес покажа Борусија Дортмунд, но германскиот клуб понуди само 16 милиони евра, по што претседателот Черезо повторно седна на маса со Валенсија и ја прифати понудата од 18 милиони евра.

Кевин Гамеиро е второто големо засилување за нападот на Валенсија летово, откако во текот на вчерашниот ден беше комплетирана позајмицата на Мичу Батшуаи од Челси.

Се вчитува...