Крај на „сапуницата“: Икарди останува во Интер

Се чини дека е крај на „сапуницата“ околу тоа каде својата кариера ќе ја продолжи Мауро Икарди. Контроверзниот аргентински напаѓач останува во Интер!

Икарди, кој минатата сезона се впуши во „војна“ со навивачите и раководството на „нераѕурите“, отворено зборуваше дека сака да замине од клубот. Беше поврзуван со Реал, Монако и Наполи, но сам порача дека сака во Јувентус. Сепак, останува во Интер а „Скај спорт“ тврди дека уште вечерва ќе се јави на тренингот на првиот тим.

Дека ќе остане во миланскиот клуб потврди претходно и фотографијата на неговата вереница Ванда Нара од синоќешниот роденден на Лутара Мартинез. Таа позираше со останатите девојки на црно-сините фудбалери, притоа покрај фотографијата забележувајќи: „Уште една заедничка година!“.

Се вчитува...