Крај на сезоната: Рафаел Надал го откажа учеството и на УС Опен (ФОТО)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го откажа учеството на УС Опен и за него оваа сезона е завршена. Повредата на стапалото која тенискиот ас ја влече од 2005 година, а се влоши на Ролан Гарос продолжува да биде главната причина за истото.

„Се мачев многу повеќе отколку што требаше со стапалото и сега морам да паузирам. По разговорот со тимот и семејството донесов одлука да се посветам на рехабилитацијата. Оваа година пропуштив многу турнири кои ми значат, како Вимблдон и Олимсписките Игри, а сега морам да го пропуштам и УС Опен“, напиша Надал на својот Твитер профил.

Се вчитува...