Крај на сезоната за Бојан Трајковски?

Гостивар ја продолжи серијата одлични резултати со синоќешната победа над Куманово, но тренерот Марјан Србиновски се соочува со голем проблем откако беше обелоденето дека повредата на Бојан Трајковски е од посериозен карактер.

Македонскиот репрезентативец веќе подолго време се мачеше со болка во коленото, а според последните информации дојде моментот кога повеќе не може да издржи да игра повреден и ќе мора да мирува подолг период. Се уште е неизвесно дали Трајковски ќе замине на операција, но во секој случај ќе паузира најмалку еден месец од терените, што значи и крај на сезоната за овој одличен кошаркар.

Трајковски беше доведен ако адут за атак на трофеи од страна на управата, тој повреден настапи на завршниот турнир од Купот на Македонија, но сега ќе мора да одмори за да ја санира повредата и максимално подготвен да влезе во новата сезона.

Се вчитува...