Крај на сезоната за Наоми Осака!

Јапонската тенисерка Наоми Осака се откажа од настап на мастерсот во Индијан Велс. Јапонката која неодамна испадна од петте најдобри тенисерки на ВТА листата нема да игра до почетокот на 2022 година.

Поранешната најдобра тенисерка во светот по елиминацијата во 3. коло на УС опен изјави дека не знае дали ќе игра до крајот на годината, а сега тоа го потврди.

Таа не наведе конкретна причина за повлекувањето од Индијан Велс, а нема да биде дел и од ВТА завршницата која годинава ќе се игра во Мексико.

Се вчитува...