Крај на сите дилеми: Бастони не мрда од Интер

Алесандро Бастони ќе продолжи да ги брани боите на Интер и во наредната сезона откако одличниот дефанзивец ги одбил понудите што ги доби уште пред самиот почеток на овој преоден рок.

Италијанскиот репрезентативец беше голема желба на Барселона, во трката на почетокот од овој месец се вклучи и Реал Мадрид, но неговиот агент Тулио Тинти јасно стави до знаење дека дефанзивецот нема да ги менува клупските бои летово.

„Разговарав со Интер, но тема воопшто не беше Алесандро Бастони. Нема зошто да зборуваме, Бастони е член на Интер, има уште две години договор и што е најважно – тој е среќен што е дел од овој клуб, никогаш немало никаков проблем. Говориме за врвен фдбалер, нормално е да го бараат клубови од највисока класа, но тој е среќен каде што се наоѓа и не планира да ги смени клупските бои летово. Секако, во фудбалот не може да гарантирате ништо, но искрено верувам дека Бастони и следната сезона ќе го носи дресот на Интер“, прокоментира Тинти.

Се вчитува...