Крај на сите дилеми во ПМФЛ: Башкими директно опстана, Пелистер оди во бараж

Нова прволигашка сезона екипата на Пелистер од Битола ќе бара преку бараж. Ова стана јасно откако битолскиот тим не успеа да триумфира на гостувањето во Кавадарци, играјќи само 2-2.

Тиквеш водеше 2-0 и се чинеше дека ќе му нанесе пораз на битолскиот тим, но благодарение на Ивановски, Пелистер успеа да остане непоразен од овој натпревар.

Ацковски во 29. минута донесе предност за Тиквеш, а потоа Сила од пенал во 38. минута за 2-0. Ивановски најпрво во 73. минута намали, а три минути подоцна и израмни за еден бод за Пелистер, но и покрај тоа ќе игра бараж, само дилемата е дали ќе биде со второпласираниот или третопласираниот во Втората лига.

Башкими одигра нерешено 3-3 против Македонија ЃП, но што и да се случеше на тој натпревар, со оглед на ремито во Кавадарци, кумановскиот тим секако ќе опстанеше.

Кабаркас по еден изведен корнер успеа да донсе предност за Македонија ЃП. Израмни Аворнијо во 17. минута на асистенција на Алексовски. Самиот Алексовски го совлада Јанков во 31. минута и донесе предност за Башкими, а потоа Аворнијо со својот втор гол носи и 3-1 за кумановскиот тим.

Во вториот дел Николиќ успеа да намали, а потоа и Кабаркас со својот втор гол да ги постави конечните 3-3.

Работнички со убедливи 7-0 го совлада Шкупи, во меч во кој немаше никакво значење со оглед дека и двата тима се испаднати. Стрелци на головите беа Ангелов, Талаков три, Мухарем два и Мехмед.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...