Германската тенисерка Анџелик Кербер е запрена на патот кон медал на своето последно учество на едни олимписки игри.
Поранешната најдобра светска тенисерка, а денес само на 212. место на ВТА листата, за малку ќе направеше нов подвиг на ЛОИ 2024. Против седмата тенисерка во светот, Чинвен Џанг одлично се држеше во три сета, но на крај загуби со 6-7(4), 6-4 и 7-6(6).
Кербер имаше голема шанса во сетот на одлука со брејк предност, но не успеа да ја искористи и да слави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА