Рафаел Надал можеби го одигра својот последен натпревар на „Филип Шатрие“ откако по елиминацијата од Новак Ѓоковиќ во сингл, денеска тој заедно со својот партнер Карлос Алкараз беше елиминиран и во игра на двојки.
Шпанската двојка беше поразена во четвртфиналето од американскиот двоец Остин Крајчек и Раџев Рам со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-4.
Во сингл конкуренција на машкиот турнир сигурно победи остварија Александер Зверев и Каспер Руд. Зверев со 2-0 (7-5 и 6-3) беше подобар од Австралиецот Алексеј Попирин, додека Руд исто така со 2-0 (6-3 и 6-4) славеше над Франциско Черундоло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА