КРАЈ ЗА „ЏЕЛАТОТ“ НА ЃОКОВИЌ: Меншик заслужено во полуфинале на Ролан Гарос!

Бразилецот кој го елиминираше Новак Ѓоковиќ, Жоао Фонсека го заврши својот настап на вториот гранд-слем турнир во сезоната Ролан Гарос, откако вечерва во четвртфиналето загуби од Чешот, Јакуб Меншик со 3-0, по сетови 6-4, 6-3 и 7-6.

Условите на „Филип Шатрие“ и затворениот кров повеќе му одговараа на чешкиот тенисер кој беше подобар во текот на целиот меч и на крајот заслужено стигна до своето прво гранд-слем полуфинале.

Во полуфиналето Меншик за противник ќе го има Германецот, Александер Зверев.

Се вчитува...