Крај за Французите, Норвешка и Словенија во главната фаза (ВИДЕО)

За поранешниот светски шампион, Франција, актуелното Европско првеnство е завршено. Триколорите го претрпеа и втoриот пораз во прелиминарниот групен сегмент. Загубија од Норвешка со 28-26 во мечот кој им беше надеж за опстанок на шампионоатот со оглед на неуспехот и против Португалија во воведната рунда.

Со овој триумф, втор досега Норвежаните одат во главната фаза. Од оваа група и Португалците одат натаму, а за првото место ќе решаваат во директниот меѓусебен дуел во третото коло, додека Франација ќе се прости официјално од шампионатот со ревијалниот дуел против Босна и Херцеговина.

 

Репрезентацијата на Словенија ја забележа и втората победа на Европското првнество. Славеше со Шведска со 21-19 и веќе е меѓу учесните во галвниот натпреварувачки сегмент. Доленец со седум гола ја предводеше Словенија до овој значаен триумф. Словенците во последното коло за максимален ефект ќе играт против Швајцарија, додека Шведска за втор тирумф и прогрес во следниот натпрварувачки сегмент ќе се бори во завршниот меч против Полска.

 

Се вчитува...