Крај за Сабаленка во Пекинг

Арина Сабаленка беше елиминирана во третото коло на ВТА-турнирот во Пекинг, откако беше поразена од Чехинката Никола Бартункова со 6-4, 6-3. Мечот траеше еден час и 35 минути. Сабаленка имаше пет можности за брејк, но не искористи ниту една од нив.

Бартункова освои 83 отсто од поените на својот прв сервис и загуби само пет поени при првиот сервис.

Сабаленка, која неодамна го загуби првото место на ВТА-листата, ја пропушти можноста да го искористи поразот на Елена Рибакина, која претходниот ден го заврши настапот на турнирот.

Се вчитува...