Видео за 13-годишно момче од Флорида кое постигнува клучна тројка за победа на својот тим, е вистинска инспирација за многу млади во САД и светот кои го посакуваат својот пат до успехот.
Неговото име е Џамарион Стајлс, а специфичноста е што ја игра кошарката без поголемиот дел од своите две раце, кои му се ампутирани по добиена инфекција кога бил дете.
WATCH: 13-year-old with no arms drains 3-pointers during a middle school basketball game pic.twitter.com/cwtKVNwtJY
— Sports Illustrated (@SInow) March 31, 2017
„Постојано ги вежбам овие шутеви за три поени. Навистина сум среќен што сега погодив на натпреварот. Сакам да играм, сакам да покажам дека се е можно кога толку многу посакувате“ – вели 13-годишниот Стајлс.
За Џамарион, сепак, фудбалот е негов главен спорт но поради неговиот огромен ентузијазам беше вклучен и во кошаркарскиот тим на своето школо.
„Тоа што слушам како сега луѓето ми се восхитуваат и ме поддржуваат ми дава уште поголем мотив да работам уште понапорно“ – вели Стајлс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА