„Крал“ на стрелците – Рамос има повеќе голови од Игуаин, Џеко, Лукаку…

Серхио Рамос со години наназад важи за еден од најдобрите светски дефанзивци, но шпанскиот ас сезонава го одликува и фантастична ефикасност. Фактот дека од Роналдо ја презеде улогата на изведувач на пенали значително го зголеми и бројот на постигнати голови, па Рамос сезонава веќе има 14 погодоци зад своето име.

Од овие 14 погодоци, осум се постигнати со удари од белата точка, без ниту едно промашување од овие обиди. Рамос десет гола постигна како член на Реал Мадрид, додека четири пати беше прецизен кога станува збор за настапите за шпанската репрезентација.

Само за споредба, капитенот на „кралскиот клуб“ со овие бројки е подобар од низа на фантастични голгетери, како Ромелу Лукаку, кој сезонава има само 13 гола за Манчестер јунајтед и Белгија, потоа Џеко и Фирмино со по 12, Радамел Фалкао со 11 погодоци, Алваро Мората (9), Гонзало Игуаин (8)…

Се вчитува...