„Кралеви“ никогаш не се отпишуваат предвреме – Бензема ја замолкна Валенсија (ВИДЕО)

Реал Мадрид беше на дното на денешниот натпревар од 5. коло во Ла Лига, но само за две минути во 86. и во 88. минута успеа да дојде до пресврт-триумф на гостувањето против Валенсија.

Валенсија дојде до предност со голот на Дуро во 66. минута.

 

Кога се чинеше дека домашните ќе ја однесат победата, во само две минути следеше шок. Најпрвиот Винисиус во 86. минута израмни на 1-1, а потоа во 86. минута Бензема ги постави конечните 1-2.

Реал Мадрид на тој начин со 13 бода го запоседна сега врвот од табелата, пред Атлетико Мадрид.

Се вчитува...