„Кралевите“ бараат соиграч на Пандев да дојде на позајмица во Мадрид

Европскиот првак Реал Мадрид е во сериозна резултатска криза во Ла Лига и ќе се обиде да се извлече со ангажман на неколку нови засилувања. „Кралскиот клуб“ се подготвува за трансфер на капитенот на Интер, Мауро Икарди, но со оглед дека тоа и не е воопшто лесна мисија за реализација во овој зимски преоден рок, друга опција е да го ангажира на позајмица соиграчот на Пандев, полскиот интернационалец Кжиштоф Пјатек од Џенова.

По заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, „кралевите“ имаат голем проблем со ефикасноста, а раководството на клубот сака да ја „закрпи“ работата со Пјатек до крајот на сезоната. Тој постигна 13 гола во Серија А од почетокот на шампионатот, а во Реал Мадрид би бил втора опција по Карим Бензема, кој не игра во добра форма.

Се вчитува...