„Кралевите“ без пет ѕвезди против Интер – Анчелоти го објави списокот на Реал

Реал Мадрид ќе го пречека Интер на стадионот „Џузепе Меца“ на почетокот на Лигата на шампионите во среда. Карло Анчелоти, тренерот на Реал, го објави списокот на играчи на кои смета за судирот на „Меаца“, а меѓу патниците за Милан недостасуваат пет ѕвезди.

Станува збор за Герет Бејл, Тони Крос, Дани Себаљос, Марсело и Ферланд Менди.

Според извештаите на шпанските медиуми, Бејл се здобил со повреда на тетивата што ќе го оддалечи од терените неколку недели. Велшанецот денеска тренираше одделно заедно со Крос, Себаљос, Марсело и Менди. Ниту еден од нив не е достапен за натпреварот против Интер во среда.

Што се однесува до Интер, фудбалерот од средниот ред Стефано Сенси отпадна откако се повреди во дуелот со Сампдорија во неделата попладне. Алесандро Бастони не е доволно подготвен, тренираше одделно, но можно е да игра во среда.

Се вчитува...