„Кралевите“ еден месец без Карвахал

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, се соочува со многу проблеми во изминатите неколку дена. Загуби од Севилја во шамионатот, загуби синоќа и од Севилја во Купот на Шпанија, а во наредните триесетина дена ќе биде и без услугите на десниот бек Дани Карвахал.

Тој се повреди на тренинг во вторникот, а вчера беа направени и деталните медицински испитувања. Карвахал заработи повреда на бутниот мускул и ќе мора да паузира од три до четири седмици. Тоа значи дека би можел да пропушти вкупно десет мечеви за Реал Мадрид, меѓу кои и првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите против Наполи, кој ќе се одигра на 15.февруари.

Се вчитува...