„Кралевите“ ги нудат Лука Јовиќ и Хамес Родригез во Наполи за да го добијат Фабијан Руиз

Реал Мадрид нема пари за нови засилувања ова лето, претседателот Флорентино Перез му соопшти на тренерот Зинедин Зидан дека ќе мора да се снаоѓа поинаку поради глобалниот финансиски удар што го зададе пандемијата на коронавирусот, па „кралевите“ ќе се обидат да го моделираат тимот со размена на играчи. Од „Сантијаго Бернабеу“ се подготвува понуда до Наполи со намера да биде ангажиран играчот за врска Фабијан Руиз. Шпанецот имаше одлична сезона во Серија А до прекинот поради коронавиорусот, а Зидан би сакал да го има во составот за следната сезона.

Опцијата што ја предлага Реал Мадрид е во Неапол да бидат испратени двајца фудбалери, напаѓачот Лука Јовиќ и колумбискиот интернационалец Хамес Родригез. Србинот не се докажа во првата сезона на „Сантијаго Бернабеу“, направи неколку глупости и надвор од теренот, а Хамес Родригез веќе подолг период не е во плановите на Зидан.

Фабијан Руиз има договор со Наполи до 2023 година и Аурелио де Лаурентис за него бара 80 милиони евра.

 

 

 

Се вчитува...